Македонија
29. December 2020 - 15:59

Внатрешни органи и други остатоци од животни оставени покрај регионалниот пат М.Каменица – Делчево

Внатрешни органи и други остатоци од животни оставени фрлени во близина на градската депонија, покрај самиот регионален пат Македонска Каменица –  Делчево. За случајот информираа од Јавното претпријатие ,,Камена Река”, од каде велат дека истите веднаш се дислоцирани од регионалниот пат.

-Денес добивме многу непријатно известување од наши екипи на терен за фрлени органи од животни покрај самиот регионален пат и градската депонија. Наши екипи задолжени за јавна чистота со вклучена крупна механизација излегоа на терен и просторот веќе е исчистен, истакнаа од ЈП ,,Камена Река”.

Оттаму апелираа на поголема совесност од страна на несовесните граѓани.

-Под итно апелираме да се престане со ваквите неодговорни дејства штетни за здравјето на граѓаните, јавната чистота и природата, додадоа од ЈП Камена Река.

Случајот како што дополнија е пријавен до надлежните органи.