ВМРО-ДПМНЕ:Институциите се целосно притиснати и во служба на криминалот на Заев
Зоран Заев е главата на криминалниот октопод кој пустоши низ Македонија.
Институциите се целосно притиснати и ставени во служба на криминалот на Заев и неговите соработници.
Најдобар доказ за тоа е постапувањето на Јавното обвинителство овие четири месеци откако Вилма Русковска ги има сите докази за рекетот на проектот на Заев и негов штитеник Боки Тредичи и разно разните Кики, Фрики и Шеки.
Зоран Заев, притиснат до ѕид од сите докази, преку неговиот мегафон Костадинов упорно се обидува да си ја ишне мувата од капата , со бесрамни лаги дека ВМРО го измислило Боки 13 и функционери на ВМРО го примале по кабинети, се фотографирале со него и му биле грб во рекетарските походи. Уште потрагично е тоа што Јавното обвинителство влезе во неговиот филм и четири месеци се обидува да ги игнорира сите траги кои водат кон Заев. Четири месеци Русковска обвинителството ги убедува граѓаните дека Боки на своја рака и без поддршка од власта рекетирал.
Срамно и долно. Со вакво деградирање и девалвирање на институциите на системот, целосно се урива довербата на граѓаните во нив, а членството во ЕУ е недостижно.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Вештачењето откри - Избришани повици и пораки од телефонот на мајката на исчезнатата Данка
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто