Македонија
6. May 2018 - 16:17

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Спасовски денес слават, а пред 3 години ликуваа на смртта на 8-мина полицајци во Диво насеље

СДСМ и Зоран Заев на полицајците гледаа како на убијци, ги навредуваа, омаловажуваа и им посакуваа смрт. Еве што мислат СДСМ и нивните послушници за полицијата и колку ја почитуваат нивната работа па така предлагам да го видиме видеото во прилог позади мене.

Владата на СДСМ, Зоран Заев и Спасовски организираа прослава на полицијата по повод денот на полицијата, 7 Мај а само пред три години екипата околу нив ликуваше со смртта на 8 припадници на полицијата во судирот со терористите во кумановската населба, Диво Насеље.

Замислете Зоран Заев и Оливер Спасовски, во време кога цела држава беше во жалост, кога ги погребуваа полицајците, наместо да изразат сочуство отидоа во Диво Насеље и се сликаа смеејќи се на местото каде што хероите гинеа за Македонија.

Патем Шилегов во текот на полициската акција се исмејуваше со полицајците кои ги дадоа своите животи и викаше дека во Куманово се играла детската игра, КАМАЈ-КАМАЈ.

Медиумите блиски до СДСМ ширеа лаги и креваа тензии за време на акцијата и известуваа дека полициските сили убивале цивили и деца со што подгрева етничка омраза.

Тричковски, инаку близок до СДСМ посакуваше уште жртви, а во текот на протестите на сдсмовската Шарена Револуција на полицајците им посакуваа “Куманово пак да ви се деси“ и ги нарекуваа дека се убијци.

Едмонт Адеми, кој во моментов е министер во владата на Зоран Заев во текот на истата таа шарена револуција повикуваше на крвопролевање по улиците.

Пендаровски во стилот на Зоран Заев, како во случајот со убиените деца од Смиљковско езеро, сееше политичка магла  дека полицијата учествувала во исконструирана акција.

Во уште десетици и десетици случаеви, СДСМ ги омаловажуваше полициските службеници, а нивните акции беа исмевани и нивните жртви беа сведувани врз база на детска игра. Ова е вистинскиот однос на СДСМ кон полицијата и нивната улога во обезбедување на безбедноста и сигурноста на граѓаните.

Почитувани,

Полицајците не се убијци, не си играат Камај Камај, не убиваат цивили и не предизвикуваат судири, туку напротив, тие се грижат за сигурноста и безбедноста на оваа земја и на овој народ.

Со ваков СДСМ и со ваква Влада се девалвира работењето на полицијата, а губат и полициските службеници и граѓаните на Република Македонија. Време е неспособното раководство на СДСМ кое ја предводи владата, да си замине од власт.