Македонија
5. September 2017 - 10:48

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДС со вакво расипничко трошење ќе ја доведат државата пред колапс и целосен банкрот

За прв пат после 50 години, во време на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се основа првата државна кардиохирургија која чинеше над 2 милиони евра. Клиниката функционира на комплетно нов простор, на површина од околу 750 квадратни метри и содржи две операциони сали, интензивна нега, болнички соби, приемна амбуланта и останати простории, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Неспособната влада на СДС расипнички потроши над 340 милиони евра преку задолжување и повлекување на девизните резерви за само три месеци. За овие пари можеше да се изградат дури 160 вакви клиники со најсовремена здравствена опрема. Зоран Заев и СДС не изградија ниту една. Зоран Заев и неговата влада наместо да изградат и реконструираат објекти, водеа расипнички комотен живот, а сето тоа на грбот и со партите на граѓаните. Неспособниот Заев и неговата влада наместо да работат за потребите и интересите на граѓаните, да ги решаваат нивните проблеми, безмилосно ги трошеа народните пари. Граѓаните гледаат дека за три месеца работа од Владата на СДС и Заев не е реализиран ниту еден единствен проект од кој сите ќе имаат бенефит и а со тоа и ќе се придонесе за зголемен стандартот, истакнуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека граѓаните гледаат дека нивните пари, односно 340 милиони евра, владата на СДС и Заев ги потроши за сопствено за луксузирања, опремувања на кабинети со цвеќиња, набавка на апетисани и службени патувања  во странство, вработувања на партиски послушници и матни ликови.

-Граѓаните го видоа недомаќинското  работење на Владата на СДС и Заев. Заев и СДС со вакво расипничко трошење и цедење на државната каса, за брзо време ќе ја доведат државата пред колапс и целосен банкрот. Крајот на ова недомаќинско работење на Владата на СДС и Заев ќе заврши на претстојните локални избори на 15-ти октомври. Граѓаните ќе ја казнат лошата политика на Заев и СДС. Граѓаните ќе го поразат Зоран Заев и СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.