ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Пендаровски се лице и опачина на една иста паричка
Заев и Пендаровски се олицетворение на коруптивни политики и на класичен грабеж на парите на граѓаните.
Откако СДСМ и Заев дојдоа на власт, државата осиромашува, граѓаните живеат во беда, а Заев и картелот околу него се богатат.
Економијата е на дното поради катастрофалните политики кои ги води владата на СДСМ.
Во услови кога цела Европа забележува високи стапки на раст на БДП, македонската економија стагнира.
Во недостиг на сопствени инвестиции кои што би обезбедиле нови работни места и обезбедување на подобар живот, Зоран Заев се фали и слика со странски инвестиции кои што ги донесе ВМРО-ДПМНЕ.
Чагатај Кабло, ВИК од Германија, Кеслер, Диатек, се инвестиции донесени од владата на ВМРО-ДПМНЕ додека инвестициите Теламон, Мурат Тичер, инвестицијата Дура се инвестиции со кои ВМРО-ДПМНЕ имаше преговори за нивно инвестирање во Македонија.
СДСМ и Заев докажаа дека немаат капацитет за носење на странски инвестиции, ниту пак за подобрување на условите за инвестирање на домашните фирми.
Граѓаните се уште немаат видено никаков бенефит од криминалниот картел предводен од Заев, а СДСМ единствено што успеаја досега да направат е да ги зголемат бизнисите на своите функционери, на сметка на граѓаните кои се повеќе осиромашуваат.
Ова е одраз на неспособноста, некадарноста и неработењето на Владата на СДСМ, Заев, Тевдовски и Анѓушев.
Заев ниту знае а ниту умее да ја води македонската економија затоа граѓаните на 21 април на Пендаровски и на СДСМ ќе му кажат едно големо НЕ,а тоа ќе го потврдат и на 5 мај.
Граѓаните заслужуваат претседател кои ќе води грижа и кои конечно ќе ја донесе правдината во Македонија.
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж