Македонија
9. November 2020 - 15:08

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче се закана за здравјето на граѓаните

Не само што ниско ниво на политичка култура е туку и чист криминал да те фатат на камера, како Заев како краде пари и за тоа да не одговара.

Ниско ниво на политичка култура е да договара бизнис од 200 милиони евра во Тетово со анти НАТО бизнисмен како што правеше Заев.

Ниско ниво на политичка култура е да се колнеш во најмилото, а да го продадеш најсветото како што прави Заев.

Најниско ниво на политичка култура е тоа што Заев колку што го бива за крадење толку е неспособен да спаси животи.