Македонија
28. July 2020 - 8:54

ВМРО-ДПМНЕ: Заев го создаде најголемиот криминален октопод во регионот и Европа

Случајот „Рекет“ најдобро го покажува криминалното владеење на Зоран Заев и СДСМ. Не само што се рекетирале милиони евра, туку истата операција била директно штитена од страна на власта. Торбите Луј Витон јавноста ги виде како се изнесуваат, а постои и сведоштво дека рекетираните пари во Македонија завршиле кај Зоран и Вице Заеви.

Ова била сериозна операција во која безмалку целата власт била замешана. Постојат сведоштва дека Кирацовски и Царовска им помагале на извршителите на рекетот во текот на целиот криминал. Тие не биле сами во ова, туку поддршка давале и градоначалници, пратеници и други високи функционери на СДСМ. Целиот процес на рекетирање во Македонија не бил можен без знаење на врвот на власта.

Додека милионите завршувале кај луѓето блиски на Заев и СДСМ, Македонија тонеше од ден во ден. Народот осиромашуваше, а Заев создаде криминален октопод каков што никој во регионот и пошироко не видел.

Граѓаните не ги заслужуваат овие погубни политики на СДСМ и Заев. Граѓаните заслужуваат многу подобро.