Македонија
30. January 2021 - 10:04

ВМРО-ДПМНЕ: Заев да се откаже од фалсификат попис, да направиме електронски попис кој сите ќе го поддржиме

Зоран Заев и власта да се откажат од спроведување на насилен попис кој ќе биде фалсификат, чии бројки веќе однапред коалиционо ги договориле и наместо тоа да се организира електронски попис кој сите ќе го поддржиме.

За доброто на државата да го повлече пoстојниот Законот за попис и наместо фалсификат попис да се спроведе електронски попис.

Електронскиот попис ќе се спроведе врз основа на јасна методологија, со мечирање на повеќе бази со податоци.

ВМРО-ДПМНЕ ќе почне со собирање на потписи за поништување на постојниот Законот за попис, а доколку власта помине и преку волјата на граѓаните, ќе повикаме на масовно попишување на населението во државата и на сите македонци од дијаспората. Ќе има трага, а при промена на власта ќе бидат детално разгледани злоупотребите при пописот за што ќе има и одговорност.

Заев има шанса да се откаже од фалсификатот и да прифати електронски попис.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ