Македонија
9. November 2017 - 17:21

ВМРО-ДПМНЕ: Заев да каже јавно од кого добива закани

ВМРО-ДПМНЕ го повикува Зоран Заев јавно да каже од кого добива закани и колку тие се реални?

Ако не го стори тоа, тогаш сите негови изјави во тој правец се резултат на неговата желба да привлече внимание по секоја цена, во отсуство на реални проекти и достигнувања, во ситуација кога имаме зголемување на акцизи за нафта, зголемување на цените на паркингот, и кога се зголемуваат општите трошоци за живот на граѓаните. Сето ова делува за несериозен и несмасен обид да се дефокусира вниманието од вистински теми, отсуството на решенија и проекти.