ВМРО-ДПМНЕ: За оваа криминална власт потребите и интересите на граѓаните се неважни
Криминалната банда на власт предводена од аболицираниот Заев го загорчи животот на граѓаните на Република Македонија, наместо живот, донесе чемер и јад, сиромаштија, лажни ветување и неисполнети очекувања. Нема крај на поразите кои Зоран Заев и ги носи на Република Македонија и македонскиот народ. Нема крај ни на понижувањата, рекетот, криминалот, корупцијата, и политичкиот прогон.
Во Македонија наместо правото владее криминалната врхушка и кланот Заев кому најважни му се полињата марихуана и криминалните тендери и грантови. За оваа криминална власт потребите и интересите на граѓаните се неважни, важно е на грбот на граѓаните да ги полнат сопствените џебови.
Како и секоја една авторитарна власт, најголем непријател на Зоран Заев му е вистината и токму поради оваа причина приведуваат и гонат новинари кои на мегдан ги вадат криминалите на СДСМ. Криминалот и корупцијата цветаат, а Русковска обвинителството и Кацарска судството ги таргетираат само најгласните, односно оние кои го кренаа гласот против криминалот и корупцијата на власта.
Секоја година за ова власта е економска, а граѓаните од ден во ден се се посиромашни, повеќе од 500 илјади наши сограѓани живеат во сиромаштија поминуваајќи го денот со еден оброк. Заев секојдневно ги задолжува граѓаните, а парите ги нема никаде, нема нови проекти, а се стопираат оние кои ги започна ВМРО-ДПМНЕ. Капиталните инвестиции за првите 6 месеци од годинава изнесуваа катастрофални 20 проценти.
Со ребалансот се скрати од образованието, здравството, проектите во корист на граѓаните, а средствата наменети за непродуктивни трошоци и луксузирање останаа.
На 12 април завршува криминалната политичка кариера на Заев. На 12 април македонските граѓани ќе стават крај на поразите и понижувањата и ќе одберат „обнова за Македонија“. Ниту во СДСМ не веруваат дека нивната партија води на анкетите, тоа го покажа и исплашениот израз на ликот на Заев се плаши од избори, Заев е човек во паника од губењето на власта.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка