ВМРО-ДПМНЕ за Апасиев: Коалициониот партнер на СДСМ и ДУИ го сака Хамас, се поклонува на Енвер Хоџа, молчи за онкологија
Коалицискиот спаринг партнер на СДС и ДУИ, Левица и Димитар Апасиев го сака Хамас, се поклонува на Енвер Хоџа, го крши Собранието за Деловник, а молчи за Онкологија и француски предлог, како и за законите на ДУИ за игри на среќа, велат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ
„Театарската изведба на Левица во Собранието е договорено сценарио меѓу ДУИ и СДС, за стимулирање на конфликти од кои ДУИ и Левица би добиле актуелност. А, за тоа како изгледа кога Левица води институции најдобро сведочи хаосот во Градот Скопје и институциите чии директори на Левица активно учествуваат во лудилото на Арсовска. Како мал пример говори фактот што директорот од Левица на Културно информативниот центар не ја употребил опремата од Универзална сала, туку изнајмувал опрема од приватна фирма од Мала Речица. Договорите со Мала Речица се приоритет за Левица. Од друга страна Апасиев е подготвен да се саморазнесе зошто во ноември има студ и ладно време, но молчи за „Бехтел и Енка“, левичарите на Енвер Хоџа молчат за барањата на синдикатите и законите на ДУИ за игри на среќа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата обвинуваат за „фолиранство“ од страна на Левица, кое според нив било покритие за малодушност на партијата и валкани договори со ДУИ и СДСМ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ
-
Лајчак: Искористете ја шансата за влез во ЕУ, да не останете запоставени