Македонија
28. February 2019 - 9:58

ВМРО-ДПМНЕ: Власта преку насилство сака да ги замолчи неистомислениците

Власта е во паника и преку насилство и заплашување се обидува да ги замолчи неистомислниците и слободомислечките граѓани.
 
Неколкучасовното малтретирање на членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Аеродром во полициска станица е доказ дека деспот Заев е исплашен од младите и промените кои тие ќе ги донесат.
 
Младите одамна му го свртеа грбот на Заев затоа што ги излажа и повеќе од две години не прави ништо за подобрување на животниот стандард.
 
Младите не сакаат да живеат во криминална држава и го креваат својот глас против деспотот Заев.
 
Ниту едно заплашување или злоупотреба на државните институции со цел замолчување на младите нема да помине.
 
Младите се самосвесни и ќе бидат предводници на промените на оваа ненародна власт.
 
Деспотот Заев знае дека паѓа и затоа прави чекори во паника.
 
И Заев и сите кои ја злоупотребуваат власта за да шиканираат друг, треба да знаат дека ќе дојде ден кога ќе одговараат за своите незаконски дејствија.
 
ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи враќање на демократијата и правната држава, за сите да бидат еднакви пред законот и институциите. ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи услови во кои правосудните институции непристрасно ќе одлучуваат и ќе ги процесуираат сите криминали на власт.
 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ