Македонија
12. October 2019 - 11:05

ВМРО-ДПМНЕ: Власта ќе ја задолжи државата за над 53 милиони евра

СДСМ немилосрдно ја задолжува Македонија. Власта во вторник ќе ја задолжи државата за над 53 милиони евра.

Откако е СДСМ на власт не поминува масец без две три задолжувања.

Постојаното задолжување резултираше со скок на јавниот долг на над 5 милијарди евра.

И додека не запираат новите кредити кои со камата ќе ги враќаат идните генерации власта не гради ништо.

Парите наместо на капитални проекти одат за партиски вработувања и популистички мерки, кои немаат никаков ефект врз граѓаните.

Расипничките политики на Зоран Заев и СДСМ мора да запрат. СДСМ мора да си замине.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE