ВМРО-ДПМНЕ: Власта ја донесе економијата пред колапс, стопанството тоне, граѓаните ги губат своите работни места
Македонската економија е пред колапс, тоа го покажуваат и индикациите на Светска банка кој велат дека економијата нема да се врати во кондиција како пред пандемијата ниту во наредните 2 години. Дека економските политики на власта се катастрофални зборува и фактот дека јавниот дoлг е проектиран да порасне и до над 65 % од бруто домашниот производ.
Индикаторите на економско расположение покажуваат дека и мерките за помош на економијата се промашени. Имено Македонија е најлоша на полето на враќање на довербата во економијата.
Во извештајот од Светска Банка се демаскираат и изјавите од власта дека невработеноста е намалена што Светска банка го подржува со податоци дека граѓаните немаат никаква доверба дека ќе добијат работа. Ова го потврдува фактот дека невработеноста не е намалена напротив ќе се зголемува поради фактот што над 60.000 луѓе ги загубија своите работни места за време на пандемијата.
Ова е најнеспособната економска влада во Република Македонија. Секојдневно се затвораат фирми, стотици луѓе ги губат своите работни места, а криминалците од власта мислат само на тендери, криминал и лично богатење.
Со Зоран Заев и СДСМ имаме само уназадување во економијата. Оваа власт на Заев не е насочена кон спас на економијата, власта на Заев е насочена кон лично богатење, корупција и криминал.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар