Македонија
20. November 2019 - 12:41

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да одговори каде се потрошени 700 милиони евра за колку што е зголемен јавниот долг

Реакција на прес-конференцијата на Зоран Заев и  Нина Ангеловска

Зоран  Заев и Нина Ангеловска повторно со квази проекти ги лажат граѓаните. Заев и Ангеловска мора да одговорат каде се потрошени околу 700 милиони евра, пари за кои е зголемен јавниот долг откако Заев е на власт.

За околу 700 милиони евра е зголемен јавниот долг, а не гледаме ниту километар од ветените 600 километри НОВ автопат, 550 километри НОВИ магистрални патишта или 1100 километри НОВИ  локални патишта.

Транспарентност е кога Заев ќе каже каде се потрошени тие 700 милиони евра, а притоа ништо не е направено.

Заев расипнички ги троши парите на граѓаните. Овие три години колку што Заев е на власт Македонија само стагнира и губи.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ