ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ во 100-те дена не направи ништо за граѓаните
ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на денешното соопштение на СДСМ наведува дека во изминатите 100 дена ништо не е направено за граѓаните, освен што државата, како што се вели, е на работ на економски колапс.
- Нема пари ниту за планираното покачување на пензиите, ниту за покачување на просечната плата на 30.000 денари, ниту пак за плата на докторите од 100.000 денари, вели ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека парите се трошат непродуктивно од страна на Владата.
ВМРО-ДПМНЕ посочува дека со парите со кои Владата ја задолжила државата можеле да се изградат 2.500 градинки, а оти досега не е изградена ниту една.
- Министерката Мила Царовска освен за згрижувањето на бегалците за друго не води сметка. Министерката не се грижи за децата од предучилишна возраст, за пензионерите, за социјално ранливите категории на граѓани, се вели во реакцијата.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација