Македонија
29. November 2018 - 19:12

ВМРО-ДПМНЕ: Вчерашниот протест покажа дека народот сака смена на власта

Вчерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот не е завршен, велат од најголемата опозициска партија. Според нив, тој покажал дека народот во Македонија ќе стави крај на, како што велат, девастацијата на државата. Од ВМРО ДПМНЕ најавуваат дека протестот ќе продолжи, се до оставката на актуелната власт.