Македонија
8. October 2020 - 15:09

ВМРО-ДПМНЕ утре повторно на протест

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ утре повторно излегува на протест. Како што информираат од партијата ќе се протестира против реваншизмот и теророт врз граѓаните и политичките неистомисленици. 

Стартот на протестот е закажан во 18:30 а маршот ќе почне од пред Минситерството за правда, а планирано е да заврши пред Министерството за информатичко општество и администрација. 

„Стотици луѓе низ цела држава, кои не се истомисленици со Зоран Заев и неговите луѓе се тероризираат и се преместуваат на работни и по повеќе од 50 километри од нивното место на живеење. Оние кои не можат да ги скршат ги бркаат од работа, и оставаат цели семејства со 3 и 4 деца без леб. Тоталитаризмот на оваа власт го зема својот данок. СДСМ нема проблем да отпушти самохрана мајка од работа, а уште помалку да врши мобинг на работно место. Додека народот нема опција за преживување, тие купуваат луксузни вили на Халкидики.

За Заев школки, за народот трошки – Ова е суровата реалност со СДСМ и Заев.“ – велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

 

Александар Спасовски