ВМРО-ДПМНЕ: Со своето однесување Арсовска нанесе голем срам на Градот Скопје
Македонската јавност беше сведок на срамното и недолично однесување на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која во недостаток на идеи како да ги реализира ветените проекти за подобрување на животот на скопјани, го продолжува нејзиното неколкумесечно деструктивно однесување.
За време на седницата на Советот на Град Скопје, Арсовска пред очите на целокупната јавност, јасно ја попречи работата на Советот, го попречи нормалното одвивање на седницата за поставување на советнички прашања, а нејзиното непочитување на Советот отиде до таму што дури и се уфрлаше во дискусиите преку паралелен и недозволен звучен систем. Со ова, пред очите на целокупната јавност, Арсовска отворено прекрши одредби од Законот за локална самоуправа, поточно 48, став 1 и 2, каде на Претседателот на Советот на Град Скопје не му беше дозволено да ги реализира своите права и обврски за
организирање и раководење со седницата.
Згрозени сме од недоличното однесување на Данела Арсовска, која како градоначалник, наместо како пример за добро однесување и управување е пример како не смее да се однесува јавен функционер.
Го повикуваме Државниот инспекторат за локална самоуправа да постапи согласно своите надлежности за очигледното прекршување на одредбите од Законот за Локална самоуправа.
Дополнително, минатата недела Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ изрази загриженост за неколкугодишната стагнација во процесот на децентрализацијата, која во голема мерка е и поради недоволната инволвораност на ЗЕЛС, предводено од Арсовска која е претседател на ова тело.
Поради сето ова, ја повикуваме Арсовска, која повеќе од очигледно нема капацитет да раководи со Градот, да си поднесе оставка од позицијата градоначалник на Град Скопје, како и Претседател на ЗЕЛС.
Ново на Сител
-
Четири килограми марихуана и амфетамин пронајдени кај 27 годишник во Драчево | ВИДЕО
-
Подигнати 75 кубни метри отпад од диви депонии во скопските општини Чаир и Кисела Вода
-
Влада: Инвестициски бум, 6 нови странски инвестиции за 6 месеци и 2000 нови работни места
-
Борусија Дортмунд неколку месеци без Шуле
-
Наполи еден месец без Кварацхелија
-
Зеленски му рекол на Трамп во Париз дека бара безбедносни гаранции за да се стави крај на војната
-
Груби и Беџети на црната листа на САД, судството и политичарите бараат истрага и решавање на случајот
-
Трамп вели дека решавањето на украинската криза е негов главен приоритет