Македонија
15. July 2018 - 17:56

ВМРО-ДПМНЕ со реакција на изјавата на Заев за заштита на македонската традиција и култура

Нема поголемо лицемерие од тоа кога Заев говори за заштита на македонската историја, традиција и култура.

Зоран Заев е првиот политичар кои целосно ги прифати грчките црвени линии и се согласи на бришење на името Република Македонија.

Зоран Заев е првиот политичар кој се откажа од Македонците во соседните држави. Зоран Заев е првиот политичар кој се согласи нашата историја да ја пишуваат мешовити комисии.

Доколку е Зоран Заев барем малку искрен кога се колне во своите предци и во своите деца, го повикуваме да се откаже од намерата за бришење на Уставот и целосно прекрстување на државата. Доколку Заев е барем малку заинтересиран за македонската историја, традиција и култура, го повикуваме да не поддржува договори во кои истите се негираат и се бара мешани комисии дополнително да ги утврдат.

Се друго е уште една бесрамна лага на човекот кому му се поважни грчките национални интереси, стои во соопштението испратено од ВМРО - ДПМНЕ.