Македонија
23. October 2021 - 16:43

ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за Максим Димитриевски, членството на СДСМ ќе гласа за Рамиз Мерко и коалициските партнери

ВМРО–ДПМНЕ на седниците на извршниот и централниот комитет во Охрид ја реафирмира поддршката за кандидатите за градоначалници од Алијанса за Албанците и Алтернатива. Во местата пак каде немаат свои кандидати во вториот круг, најавија поддршка за кандидатите кои се опозиција на власта меѓу кои и Максим Димитриевски од Куманово.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев пак најави дека во оние општини каде немаата свој кандидат ќе бидат поддржани коалиционите и владини партнери. Во Струга СДСМ ќе го поддржи Рамиз Мерко, додека во Тетово каде во вториот круг се најдоа кандидати на коалиционите партнери, членовите на СДСМ ќе гласааат по сопствена волја.