Македонија
26. August 2021 - 21:15

ВМРО-ДПМНЕ: Скопјани се срамат од Шилегов

Ако Шилегов пие, народот нафта не пие. Кога говори за срам, нема поголем срам од тоа да ги снема 12.5 милиони евра од продажба  а градската куќа и око да не му трепне.

Градоначалникот во заминување Шилегов кога говори за срам, нека тргне од себе, па човекот 4 години е во фотелја, а нема ниту ужинки кои им ги вети на децата во програма.

4 години еден инфраструктурен проект нема направено. Сега пред избори само им замачкува очи на скопјани.

Шилегов вели дека проектот тунел под Кале не го реализирал затоа што тоа е невозможно, па тогаш зошто го предлагаше во програма? Дали свесно лажеше или пак пишувал проекти од ракав, за кои поима нема дали може да ги реализира?

Ниту оправдувањето за непродолжувањето на булевар Илинден не му држи вода, затоа што владата на чело со неговиот пријател Заев ја задолжи државата за нови 3 милијарди евра, а никој не знае на што се потрошени. И ако имало пари за се само не за проекти, тоа не е оправдување, туку за тоа треба да се одговара.

Шилегов вечерва пред се покажа дека нема што да им понуди на скопјани. Тоа е Петре Шилегов е стариот истрошен лик кој на 17-ти октомври станува минато.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ