ВМРО-ДПМНЕ: Скандалозно е што Заев вели дека е легитимно неговите коалициони партнери да имаат средба со мафијаши
Аферата „Мафија“ покажува инволвираност на луѓе од власта на Заев и најтесна соработка со криминалци, нарко - босови и мафијаши.
Скандалозно е што Заев вели дека е легитимно неговите коалициони партнери да имаат средба со мафијаши.
Во која друга земја пратеник од власта е во друштво со мафијашки структури, во која друга земја полицајци се лично обезбедување на мафијаши.
Спасовски вади пасоши за мафијаши, полицијата ги чува, а Заев одобрува, ова накратко е шемата по која се делеле пасоши и државата овозможувала логистика за нарко картелите.
Спасовски да одговори, зошто нема потерница за луѓето кои ги користеле пасошите од аферата „Мафија“? Зошто никој не проверува дали има ланец на перење на пари организиран од овие нарко - босови.
МВР на Спасовски досега обезбедувал логистика на лица поврзани со италијанската, албанската, црногорско српската и турската мафија.
Заев и Спасовски ја претворија државата Колумбија на Балканот.
Ново на Сител
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“