Македонија
23. March 2018 - 9:49

ВМРО-ДПМНЕ: Што има во предлогот на СДСМ пратен во Грција, Македонија е заробена држава

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение реагира за политиките на СДСМ и нацрт спогодбата испратена од македонска страна.

- „Република Македонија е заробена и киднапирана држава. СДСМ се однесува со државата како приватна сопственост. Се одлучува за и во името на граѓаните, без истите да бидат информирани.

Јавноста нема никакви информации за преоговорите со Грција, а детали од истите добива преку странските медиуми. Јавноста е фрапирана од последните изјави дека македонската влада испратила предлог спогодба до грчката влада за кој не се знае ниту што содржи, ниту кој е консултиран, ниту кој дал поддршка и на крај во чие име е испратен.

Додека во Грција предлог спогодбата што ја испратила тамошната влада до нашата влада е составувана од 50-тина експерти од разни области, предлог спогодба која Заев ја испратил во Атина, како што изјави владиниот портпарол е составувана од вработени во кабинетот на Заев.

Владата не кажа дали и кои експерти учествувале во изготвувањето на нашиот предлог. Кои се лицата кои го составувале предлогот? Дали Заев предлага промена на нашето име?

Заев се однесува со државата и државните интереси како со приватен имот. Уставот и законите не ги почитува, ниту ги применува.

Катастрофалните политики по државата и граѓаните се нижат една по друга, а Заев целата деструкција ја прикрива со апсење на политички противници и нивно неосновано држење во притвори.

Заев не знае како да го сврти вниманието во јавноста и ги злоупотребува институциите и правосудните органи, кои се претворени во алатка за извршување на политички прогон.

Република Македонија, денес е единствената држава на европскиот континент, која има политички затвореници. Со секој поминат ден во притвор на патриотите и чесни граѓани на кои им се монтирани неосновани обвиненија за тероризам, државата се повеќе се одалечува од ЕУ и НАТО.

Власта нема да успее да ги замолкне слободомислечките граѓани. Граѓаните ја гледаат сета деструкција на СДСМ и ќе им кажат не на овие штетни политики“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.