Македонија
2. October 2017 - 19:04

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов ветува нешто што нема да го оствари и лаже за проект кој не е во надлежност на Град Скопје

Петре Шилегов покажува класично непознавање на проблематиката и отворено ја лаже јавноста ветувајќи денеска проект кој не е во надлежност на градот Скопје, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Езерото Треска е во надлежност на Општина Сарај со која управува градоначалник кој е од редовите на коалициониот партнер на СДС. Тоа значи дека ветувањето на СДС и Петре Шилегов е паушално и е уште една негова предизборна лага. Човекот ветува нешто што нема да го оствари и лаже за проект кој не е во надлежност на Град Скопје, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Шилегов, се додава во реакцијата, е неспосбен и отворено лаже, а тоа сака да го преслика и во Град Скопје.

-Со лаги градоначалник не се станува. Многу брзо граѓаните ќе ја испорачаат канзата на 15 откомври.