ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов не умее да води главен град на државата, СДСМ ги потценува скопјани
Шилегов вети и не реализира почист воздух и повеќе зеленило, но затоа плаќа дупло поскапо за набавки на ствари и услуги со градски пари.
Шилегов вети дека ќе се справи со загадувањето, а еве 4 години нема направено еден проект и нема преземено една мерка.
Шилегов распиша оглас за субвенционирање на купување на инвертер клими на домаќинствата кои ќе се префрлат од греење со тврди горива, но субвенциите наместо кај граѓаните кои треба да заменат печка за инвертер отидоа кај граѓани од строгиот центар на градот, затоа што субвенциите се даваа по партиски клуч.
Наместо повеќе зеленило, сега имаме помалку зеленило, видовме по примерот со дрвјата на улицата „Орце Николов“ дека Шилегов само чека прилики за да го масакрира зеленилото.
Со Шилегов немаше ниту почист воздух. Спас за скопјани од нечист воздух изминативе две години беа само пандемијата и ограниченото движење, но овој проблем на голема врата ќе се врати, зошто ништо не е преземено.
Шилегов не умее да води гранапче, а не пак главен град на државата, СДСМ ги потценува скопјани.
СДСМ не нуди ништо ново. СДСМ ги нуди истите стари и истрошени кадри.
Време е Шилегов и неодговорните политичари да си заминат. Време е за Македонија за сите луѓе!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Папата Лав Четиринаесетти ја осуди ескалацијата на војната во Украина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче би поддржал уставни измени со внесување на Бугарите
-

Утре нестабилно со дожд, грмежи и ветер
-

СДСМ: Уште 4 дена до неисполнување на ветувањето на Христијан Мицкоски
-

Апел за помош: Исчезната е Лидија од Скопје, последен пат видена во Црниче
-

ЕЦБ: Војната во Иран е тежок тест за финансиските пазари
-

Се менува демографската слика на ЕУ: Помалку млади, повеќе стари до 2100
-

Модриќ може да се пензионира по Светското првенство
