Македонија
22. February 2021 - 9:23

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов и Заев ќе се рекламираат со државни пари, а Љупчо Николовски молчи

Петре Шилегов и Зоран Заев трошат 130.000 евра од парите на граѓаните на Град Скопје за да се рекламираат преку маркетинг агенција.

Шилегов и Заев ќе плаќаат медиуми за промотивни пишувања и реклами.

Додека Заев беше во опозиција рекламирањето на државата беше корупција, а сега истиот корумпира медиуми на големо.

Заев кога дојде на власт кажа дека никогаш нема да се трошат државни пари за реклами на владата и институциите.

Заев излажа.

Љупчо Николовски молчи за како што самиот Заев рече корумпирањето на медиуми од оваа власт.

Љупчо Николовски е безгласна буква и извршува функција само заради плата, без суштински да се бори против корупцијата.

Љупчо Николовски треба веднаш да му забрани на Шилегов и Заев да го спроведат огласот.

Доколку Николовски го премолчи ова само ќе потврди дека вицепремиерското место му е само за земање плата.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ