ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов ги задолжи јавните претпријатија за нови 10 милиони евра
Шилегов ги стопи парите од градската куќа, но ги задолжи и јавните претпријатија.
12.5 милиони евра е продадена градската куќа, а Шилегов молчи и крие каде и на што се потрошени овие пари на скопјани.
Шилегов потроши и 4 градски буџети и нема направено еден проект. Нема ниту една нова инфраструктурна инвестиција.
И додека ВМРО-ДПМНЕ на Шилегов му остави претпријатија без ниту еден денар долг, Шилегов ги задолжи претријатијата.
Градските претпријатија имаат милионски минуси. Сами ЈСП Скопје има минус на салдото за првите шест месеци од годинава од скоро 140 милиони денари, ЈП Водовод и канализација 40 милиони денари, а ЈП Комунална хигиена 13 милиони денари. Вкупно Шилегов ги внесе во минус овие три претпријатија за скоро 200 милиони денари.
Со новите долгови и долговите во изминатите 4 години долгот на градските претпријатија е 10 милиони евра.
И додека претпритијата тонат во долгови Шилегов ништо не направи, нема нови инвестиции, нема проекти. Шилегов има купено 4 пати помалку возила и механизација за град Скопје и претпријатијата под градот.
Шилегов наместо млатење празна слама, да каже каде се парите, еве нека почне со објаснување каде се 12.5 милиони евра од продажбата на градската куќа?
Време е ова лицемерие на СДСМ кон град Скопје и неработа да заврши. Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
