Македонија
25. February 2016 - 14:46

ВМРО-ДПМНЕ: Секој што сторил криминал, треба да одговара

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение истакна дека стои зад измените во Законот за помилување со кои не се дозволува помилување за одредени категории осуденици како што се оние поврзани со избори, педофилија и слично.

- ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека секој што сторил каков било криминал, треба да одговара. Таков беше ставот и кога обвинетиот криминалец Зоран Заев беше аболициран од страна на Бранко Црвенковски, се вели во соопштението.

Партијата нагласува дека СДСМ уште во 2009 година кога се гласале измените на Законот за помилување, биле против и оти ја напуштиле седницата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, опозицијата ја манипулира јавноста и лаже дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад одлуките на Уставниот суд. 

- Јавноста неодамна преку медиумите дозна дека СЈО без основа го побарало и предметот за педофилија кој се води против членови на семејството на Зоран Верушевски, осомничен во предметот „Пуч“ и близок соработник на Зоран Заев. Затоа, ВМРО ДПМНЕ отворено се сомнева дека токму СДСМ има најголем интерес за една ваква одлука, се наведува во соопштението.