Македонија
9. November 2019 - 12:25

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во континуитет ги лаже и манипулира граѓаните

СДСМ во континуитет ги лаже и манипулира граѓаните. Заев може да ветува се, а знаеме дека реализацијата на тие ветувања е еднаква на нула.

СДСМ вети 500 евра просечна плата, граѓаните не добија. Заев вети дека лекарите ќе земаат 100.000 денари плата, но за жал ветувањето не се исполни и сега се повеќе лекарите си заминуваат од Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ го поддржува секое зголемување на платите на работниците кое што треба да се прави врз основа на здрава и развиена економија.

Да потсетиме дека претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ склучи колективен договор со кој што се предвидуваше динамично зголемување на платите од 25 проценти. Оваа влада е три години на власт и немаше никакво зголемување.  Зошто сега се отфрлаат тие 25 проценти и се прифаќаат сукцесивно само првично по 10 проценти зголемување треба да одговори власта која што е во заминување.

ВМРО-ДПМНЕ ветува дека даде максимумот за да им се помогне на работниците затоа што тие заслужуваат многу повеќе.

Денот на обнова на Република Македонија се наближува. Македонија и македонските граѓани заслужуваат чесна влада кој ќе се грижи за нив и која ќе ја врати земјата на брза лента во ЕУ интеграциите.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ