ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ секогаш кога спроведувал реформи жртви биле граѓаните
СДСМ ги загуби изборите и единствениот план кој го реализира е планот за живеење во илузија, непризнавање на резулатите и обидите за фалсификат на волјата на мнозинството. Овој план на СДСМ нема да успее, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Драган Тевдовски од СДСМ.
- СДСМ секогаш кога спроведувал реформи жртви биле граѓаните. Кога СДСМ ја спроведе криминалната приватизација жртви беа 200.000 луѓе избркани на улица. Жртви на СДСМ беа и пензионерите бидејќи им ги кратеше пензиите, им ги исплаќаше со доцнење и на рати. Сега СДСМ повторно признава дека ќе има жртви ако дојде на власт, се посочува во соопштението.
Воедно, како прилог на тоа се цитира изјавата на, како што посочуваат, финансискиот експерт од СДСМ Никола Поповски дека „вкупната потрошувачка за плати во јавната администрација мора да се смали, а покрај нив можни жртви се и пензионерите“.
- За разлика од жртвите кои паѓаат кога СДСМ доаѓа во прилика да одлучува во Македонија, дури и Поповски признава дека во време на ВМРО-ДПМНЕ растат и платите и пензиите. Граѓаните треба да бидат мирни бидејќи СДСМ загуби и нема да има прилика да остава жртви зад себе, да ги брка луѓето од работа и да ги намалува платите и пензиите, се наведува во реакцијата.
Ново на Сител
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово
-
Лични документи можат да се подигнат и во среда