Македонија
11. January 2020 - 14:20

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ повторно ги манипулира граѓаните на Македонија со лажни бројки и податоци

Само измамници како Заев и СДСМ може да се фалат со успех во реализација на капитални проекти кога сите сме сведоци дека потфрлањата уриваат рекорди. да не беше трагично, ќе беше смешно како СДСМ секоја година, се фалат дека гасификацијата ја завршиле со 94% успешност на реализација. Вистината е дека едно домаќинство се нема приклучено на гас. Вистината е дека моменталните работи кои се изведуваат се проекти започнати уште 2016-та од страна на ВМРО-ДПМНЕ и тие одамна требаше да се завршени. Еден нов проект не започнале СДСМ во гасификацијата. Ветија гас во домовите на граѓаните а тоа не се случи, онаму каде што има гас имаме исклучување на граѓаните поради превисоките цени кои ги добија за гасот во нивните домови.

Бесрамно се фалат со реализација во железниците со 82% успешност, а возови излетуваат од шините. Фактите на терен се дека граѓаните цела зима се смрзнуваат во возовите на Македонски железници, дека основните стандарди за патнички превоз не се запазени. Факт е дека се укинуваат нови линии . Оваа 2020 се укина линијата Скопје – Велес – Скопје, се укина и линијата Скопје – Битола – Скопје. Факт е дека поради неисправност имаме секојдневно огромно доцнење на возовите. Факт е дека времето на пристигнување од еден во друг град е двојно зголемено. Изградбите во инфраструктурата се на најниско можно ниво и се одвиваат се премногу бавно темпо.

Зборуваат за успеси во инфраструктурата а од изградбата на тие 550 км ветени автопатишта, а сеуште не гледаме ниеден километар да се почне. Сведоци сме дека изградбата на автопатот Кичево – Охрид наместо да е завршен пред две години сеуште е во фаза на рекордно бавна изградба и на рекордни задолжувања. Сведоци сме дека 3 години веќе не можат да започнат 2 км автопатот од автопатот од Скопје до Блаце. Безбедноста на патиштата не е зголемена.

Во програмата на СДСМ имаат ветено 31 станбен објект од кои 17 станбени објекти беа завршени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а во моментов се работи на само 4 станбени објекти.

3 години локалните патишта не ги пипнаа а градоначалниците на СДСМ наместо да ги санираат и градат локалните патишта тие купуваа скапи и луксузни автомобили и пееја по кафеани до раните утрински часови.

Од СДСМ велат дека ја подготвуваат нивната изборна програма, а всушност подготвуваат уште една лага.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја понуди и ќе ја реализира најдобрата и најреалната програма во интерес на сите граѓани на Република Македонија. Обновата на Македонија доаѓа на 12-ти април.