Македонија
3. May 2018 - 13:02

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема капацитет да ја води државата

Уште еднаш се потврди дека СДСМ нема капацитет да ја води државата.

Не помина ниту една година, а СДСМ успеа државата да ја клекнат на колена, уништија се што допреа.

Нема реформи, нема развој, нема 600 километри нов автопат, нема просечна плата од 500 евра, нема зголемени пензии, нема 100 илјади денари плати за докторите. Се што може да се види е неспособност и неработење на оваа Влада.

Откако се на власт криминалниот картел на СДСМ стана симбол на непотизам, корупција и лично богатење.

Со секој изминат ден се потврдува дека на Заев и врхушката околу него не им е целта подобрување на животот на граѓаните, туку безмилосно богатење.

Корупцијата расте, економијата стагнира, а новите инвеститори бегаат и ја заобиколуваат Македонија која потона на дното на најкорумпирани земји во светот.

Патот по кој владата на СДСМ ја води државата не води кон подобрување на стандардот и побогата држава.

Република Македонија мора да се врати на вистинската патека. Затоа СДСМ треба да замине во опозиција каде што и е местото, стои во соопштението на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Ново на Сител