Македонија
10. January 2021 - 10:11

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ на шверцерски начин ја покачи цената на струјата сред пандемија, граѓаните плаќаат 13-та сметка

Стерилните соопштенија на СДСМ нема да го сокријат луксузот на семејството Заеви.

Заев откако е на власт граѓаните не видоа ниту една корисна реформа освен поскапување на струјата.

Заев и СДСМ без тронка срам на подмолен и шверцерски начин ја покачија цената на струјата во сред епидемија. Поради Заев и СДСМ граѓаните плаќаат 13-та сметка за струја. Неспособноста на СДСМ се докажа и увиде и во извештајот на Европската комисија за енергетика, која им препорача дека треба да се инвестира во нови ресурси и дека се потребни поголеми инвестиции во енергетската ефикасност.

Заев и СДСМ пред да дојдат на власт на граѓаните ветуваа гасификација и природен гас до сите домаќинства во државата, но на СДСМ побитно им беше за четири години да ја задолжи државата со рекордни 7 милијарди евра, од кои пари граѓаните не видоа ниту денар.

Енергетиката за оваа неспособна влада е црна дупка.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ