ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја претвора државата во алатка на партијата
ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение обвини дека СДСМ ја претвора државата во алатка на партијата, иако најавувала департизација и деполитизација.
Осврнувајќи се на назначувањето на Оливер Спасовски за потпретседател на СДСМ, кој во моментот ја врши и функцијата министер за внатрешни работи, ВМРО-ДПМНЕ во соопштението наведува дека СДСМ додека била во опозиција го проблематизирала тоа што Гордана Јанкуловска истовремено била министер за внатрешни работи и партиски функционер, а сега го прави истото.
- Оливер Спасовски наместо да се повлече од партиските функции и да ја одвои партијата од МВР, како што СДС ветуваше пред избори, тој сега е унапреден во потпретседател на СДС, се вели во соопштението и се додава дека преклопувањето на партијата со Министерството за внатрешни работи е дел од стратегијата да се стават под своја капа органите на прогонот и правосудниот систем.
Според ВМРО-ДПМНЕ, со ова лидерот на СДСМ сака да се спаси себе си од кривично гонење и процесуирање на кривичните дела против него.
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата