ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев продолжуваат да ги лажат и потценуваат граѓаните
СДСМ и Заев продолжуваат да ги лажат и потценуваат граѓаните.
СДСМ и Заев наместо да носат конкретни мерки од кои најголема придобивка ќе имаат граѓаните на Република Македонија, тие се фалат со мерки кои што не му носат ништо на народот.
Криминалната СДСМ се фали дека со намалување на парното ќе врати 200 денари кај граѓаните, а притоа заборава да спомени колку милиони евра зема директно од џебот на граѓаните преку катастрофалните економски политики кои што ги спроведува.
Ако на Заев и СДСМ им требаа речиси три години власт за да донесат една смешна мерка каде што граѓаните ќе плаќаат помала сметка за 200 денари, тогаш колку години им се потребни за да ги реализираат ветените 500 евра просечна плата, 100.000 денари плата за докторите и изградба на 600 километри автопат?
Ваквата популистичка мерка на СДСМ не може да го прикрие осиромашувањето на граѓаните.
СДСМ и Заев не водат грижа за граѓаните и затоа треба да заминат час поскоро.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс