ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев му дадоа аргументи на Макрон да ја блокира Македонија
СДСМ и Зоран Заев се виновниците кои му дадоа аргументи на Макрон да ја блокира Македонија.
Криминалот, корупцијата и рекетот кои станаа поим за Македонија под власта на Зоран Заев се главната причина поради која Македонија не отпочна преговори.
ВМРО-ДПМНЕ стори се што е во негова моќ да лобира за Македонија, при сите средби со странски претставници, но и кај нашите сестрински партии од ЕПП.
Зоран Заев кој е најмногу повикан од позиција на власт да обезбеди правна држава не го направи тоа. Не го направи затоа што главата на криминалниот октопод е токму тој и луѓето околу него.
Во ЕУ не се оди со криминални тендери, рекет и корупција во секоја пора.
Македонија заслужува да биде дел од ЕУ, но тоа со Зоран Заев видовме дека не е можно. Токму затоа Зоран Заев и ќе си замине од власт на 12 април.
По 12 април следува обнова на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот