ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче ја потценуваат интелигенцијата на пациентите и медицинскиот персонал
СДСМ и Филипче ја потценуваат интелигенцијата на пациентите и медицинскиот персонал, но и сите граѓани кои гледаат дека оваа власт го урнисува здравството и од него создава, алатка за терање бизнис.
Да потсетиме само на крвавиот тендер за набавка на реагенси вреден 35 милиони евра кој го доби фирма основана непосредно пред распишувањето, сомнителниот бизнис од 14 милиони евра за стерилизација, приватизирањето на службата за брза помош, сомнителните јавни приватни партнерства, набавките на лекови на скопската клиника каде што ќерката набавуваше од веледрогеријата на таткото и на крајот мега скандалот со криминогениот проект изградба на нов Клинички центар за кој нема јасни критериуми, проектна документација и слично, но затоа има 500 милионски кредит во најава.
За неуспесите во здравството на оваа власт доволно говорат епидемијата со морбили, скандалите со вакцините и десетиците смртни случаи кои ја брануваа јавноста, а кои се должеа на недостаток на лекови или несоодветно лекување.
Политиките во здравството се насочени или кон приватизација или кон затворање на цели одделенија и здравствени домови ширум државата. Тоа е целосно спротивно на лагите кои ги кажуваа за време на изборите дека ќе овозможат бесплатно и квалитетно јавно здравство.
Граѓаните ценат и казната за неодговорното работење и во сферата на здравството ќе ги стаса СДСМ на следните избори.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка