Македонија
29. April 2017 - 19:29

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се најодговорни за случувањата во Собранието

За случувањата во Собранието најодговорни се СДСМ, се наведува во реакцијата на  ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес - конференција на Петар Шилегов од СДСМ. 

- СДС спроведе политичко насилство со газењето на Уставот, законите и деловникот. Тоа е директно газење на државата и нејзиниот правен поредокот. Политичкото насилство кое го направи СДС на крајот резултира со физичко насилство. Незаконскиот обид, од страна на СДС да си го самопрогласат Талат Џафери за парапретседател на Собранието беше провокација кон македонскиот народ. Со обидот да се формираат параинституции СДС ја враќа демократијата во Македонија чекори наназад и прави директна штета и на Република Македонија и на нејзините граѓани, стои во реакцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, тоа може да им користи само на оние сили во земјава и надвор од неа кои не и мислат добро на Македонија. 

- Нема оправдување за ниедно насилство, но СДС ќе биде запаметена во историјата како главен виновник за немилите случувања во Собранието на Република Македонија. Криминалците од СДС мора да сфатат дека народот се противи на нивните планови за тргување со највисоките државни и национални интереси. Криминалците од СДС мора да сфатат дека народот си ја сака земјата и нема да дозволи нејзино разнебитување, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.