Македонија
16. January 2019 - 9:46

ВМРО-ДПМНЕ: Само Заев, Димитров и Шекеринска може да слават дека го промениле името

Само Зоран Заев, Никола Димитров и Радмила Шекеринска  може да слават и да се гордеат дека го промениле името на државата и ги продале националните интереси.

Заев и неговите 81 послушници ја донесоа најсрамната и најцрната одлука во историјата на нашата држава. Тие мислејќи само на сопствените кариери и џебови нанесоа огромна штета и неправда на државата, македонскиот народ , нашите предци, но идните генерации.

СДСМ се обидува насилно да го проурка и законот за двојазичност. Овој закон урива уште еден темел на Република Македонија кој ги поврзуваше сите етнички заедници кои живеат тука.

Законот за двојазичност е уште една хипотека преку која Заев се обидува да ја плати цената за неговото доаѓање на власт и затоа ваквото однесување на СДСМ и ДУИ е срамно и неприфатливо.

Со објавување на законот во Службен весник без потпис од претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, Талат Џафери, директорот на службен весник како и сите инволвирани ќе одговараат.

СДСМ и Заев во мандат од две години не сработија ништо за да го подобрат животниот стандард на граѓаните.

Граѓаните се разочарани заради губење на името, идентитетот, историјата и културата, а Заев тоа го прогласува како херојство. Зоран Заев ја зави Република Македонија во црнило. Заев единствено што може да биде е предавник на сопствената држава и граѓаните на Република Македонија.

На Република Македонија и се потреби предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, за да може граѓаните да одлучат во каква Македонија сакаат да живеат.

Со СДСМ и Заев Македонија само оди назад и губи. За државата да оди напред, мора криминалниот картел наречен Заев и СДСМ да заминат час поскоро.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ