Македонија
26. August 2019 - 9:42

ВМРО-ДПМНЕ: Рускоска и Јовевски бараат начин да го амнестираат Заев

Власта е целосно инкриминирана и во паника. Криминалната банда на чело со аболицираниот Заев е качена на воз во еден правец, правец од кој нема назад. Месеците на Илинденска бб. им се избројани, криминалите разоткриени и знаат дека сите до еден ќе одговараат за своите злодела.

Најавите за тужби за новинари, координираните напади врз слободата на медиумите се само уште еден показател дека нивниот крај е близу.

Правдата не може да биде задоволена со сечење на пипците на криминалниот октопод, а се со цел да не се октрие главата, да не се отркие дека Зоран Заев лично и персонално стоел зад најголемата криминална афера во поновата македонска историја.

Правдата нема да биде задоволена се додека Зоран Заев не одговара за сторениот криминал.

Обвинителството наместо да го гони криминалот повторно се става во заштита на истиот, се заканува на новинарите и свиркачите, се заканува на сите оние кои се борат да се дознае целата вистина за случајот рекет.

Рускоска и Јовевски очајно бараат начин по четврти пат да го амнестираат Зоран Заев, овој пат за учество во злосторничко здружување, поради фактот што токму тој е на чело на криминално рекетарската банда.

Граѓаните знаат колку тежи зборот на Заев, тие знаат дека секој пат кога ќе стави својата рака на срце, тој ноторно лаже. Исказот на сведокот за случајот Рекет кој го објавија медумите е доказ дека тој знаел за рекетот и не само што знаел туку и застанал на патот на правдата.

Единственото прашање кое го имаат граѓаните е колку тој зел од рекетот?

Зоране деновите на Илинденска бб. ти се одбројани, дојде крајот на твојата тажна политичка карирера.