Македонија
15. September 2017 - 18:56

ВМРО-ДПМНЕ: Расипничката власт ја доведува државата пред колапс

Хаосот и неспособноста на СДС не може да се сокријат. Граѓаните секојдневно гледаат како расипничката власт на Заев ја доведува државата пред колапс на секое поле и тие се подготвени да го казнат на претстојните избори на 15 Октомври.

Затоа СДС е во очај и во паника. Заев знае дека неговите лаги веќе не минуваат и дека неминовно ќе се соочи со изборниот пораз и казната од народот.

Затоа на СДС му треба секаква помош за да го дефокусира вниманието од погубните политики и да креира димна завеса обидувајќи се да прикаже дека се сите исти.

Специјалното јавно обвинителство, незаконски, повторно се става во функција на Зоран Заев и СДС во пресрет на изборите. Соочени со огромниот изборен пораз во Прилеп, само еден ден по промоцијата на најуспешниот градоначалник на Прилеп Марјан Ристески, Катица Јанева одлучи да прави спектакли и да отвора политички монтирани предистражни постапки. Овие конструирани постапки немаат никаква допирна точка со правото, ниту имаат цел да истражуваат некакви индиции. единствена цел на овие постапки е предизборен притисок, заплашување, дефокусирање од кампањата и јавно оцрнување преку медиумите под контрола на СДС.

Сега на мета е прилепскиот Пиво Фест. Очигледно дека се работи за нарачка со цел да го девалвираат настанот на кој присуствуваа десетици илјади луѓе и стана бренд на градот, носејќи позитивен имиџ и приходи за развој на локалната економија. Пиво Фест треба да биде уништен, а општината стигматизирана.

Доколку имало било каков сомнеж, СЈО можеше да отвори истрага во рамки на мандатот од 18 месеци кој истече на 30 јуни. Јасно е дека немало ни сомнеж, ниту некаква основа за тоа. Единствено што е сега ново, тоа е стравот дека СДСМ драматично губи во Прилеп и им треба секаква можна поддршка.

Тоа е причината заради која СДС се обидува со помош на партиската канцеларија СЈО да влијае на рејтингот на кандидатите на за градоначалници во Прилеп.

За жал ова не е прв случај преку кој што СЈО се вмеша во изборниот процес. Надвор од секаква правна логика, со политички конструирани случаи, СЈО покрена постапки и против членови на ДИК и против судии од Управниот суд. Се надеваат дека и со нивно заплашување ќе успеат да ја изиграат волјата на граѓаните и да го намалат изборниот пораз на Заев.

За среќа граѓаните се мудри. Прилепчани знаат што направи ВМРО ДПМНЕ и Марјан Ристески за градот.

Во ТИРЗ Прилеп започна со работа мултинационалната компанија „Гентерм“, инвестиција од 20 милиони евра каде во моментот работат над 800 работници

Во 2016  во ТИРЗ Прилеп, се изгради и објектот на германската компанија „Акомпласт“ која во иднина се очекуваат над 150 вработувања

Во 2016 во општина Прилеп се  асфалтирани 12 км улици.

Во 2017 година предвидено е изградба на нови погони на компанијата Гентерм и „Акомпласт“, како и влегување на нови фабрики во ТИРЗ зоната кои ќе овозможат најмалку нови 1.000 работни места.

СЈО се претвори во циркус и претставува срам за целокупниот правосуден систем во Македонија. Нивниот Зоран Заев и СДС нема вечно да бидат на власт, а кога ќе заминат ќе се врати правната држава и секој ќе одговара за сопствените постапκи кои се спротивни на заκонсκите норми.

Гρаѓаните на 15-ти оκтомври на лоκалните избори, без разлика на притисоците и манипулациите ќе го κазнат СДС и Заев и целосно ќе го делигитимираат.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ