Македонија
15. March 2019 - 16:36

ВМРО - ДПМНЕ: Процесот „27 април“ е политички прогон

Со политичката пресуда од 211 години затвор, судот и власта ја погребаа правната држава. За ВМРО-ДПМНЕ пресудите за 27 април се драконски и доаѓаат како резултат на политичкиот притисок кој власта го врши во пресрет на изборите, свесна дека од ден во ден се повеќе тоне
 
Реагираше и партијата на Зијадин Села кој беше тешко повреден во нередите. Од Алијансата велат дека земјава се уште е многу далеку од демократијата. Од партијата сметаат дека пресудата за единствениот Албанец меѓу осудените е неправедна. 
 
Казнувањето со 7 години затвор на Абдулфета Алими кој е познат како единствениот човек кој го спаси животот на лидерот на АА - Зијадин Села ноќта на 27 април, за нас како АА претставува тенденција за да се амортизираат другите казни на организираната група, однапред проектирајќи и реализирајќи удар врз Собранието врз пратениците и пред се физичката ликвидација на Зиадин Села.
 
Изразуваме длабоко жалење за политичкото и правното казнување со 7 години затвор на Абдулфета Алими и предупредуваме дека ќе ги искористиме сите правни инстанции за да ја докажеме неговата невиност – стои во реакцијата испратена од Алијансата.
 
Со став се јави и претседателскиот кандидат на опозицијата. Таа вели дека Македонија останува поделена, со разурнати институции и без чувство на правда.
 
Наместо правно и правично втемелен процес, видовме процес кој остави темни дамки на правосудството, сцени на несоодветно постапување со обвинетите, притвори како казни, пазарење заради обезбедување мнозинство во Собранието, и конечно денес, драконски казни. 
 
Човекот кој ја отвори вратата на Собранието, забележан и од камерите, шета како слободен човек. Во сенката се оние кои побараа амнестија, но никогаш нема да го заборават сето она на што беа изложени.  – напиша меѓу другото Силјановска на социјалните мрежи.