Македонија
12. March 2021 - 13:07

ВМРО-ДПМНЕ предлага пратениците да имаат само македонско државјанство

Пратеник да може да стане македонски полнолетен граѓанин што поседува исклучиво само македонско државјанство, предлага пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. 

Предлог законот веќе е поднесен во парламентот по скратена постапка. 

Предлог законот доаѓа по прозивките од бугарскиот министер Каракачанов дека дел од македонските пратеници од ВМРО-ДПМНЕ имале бугарски пасош. Ова беше демантирано од пратеничката група.

Ваква одредба има и во законот за надворешни работи.

 

 

Катерина Нешкова