Македонија
8. July 2021 - 16:39

ВМРО-ДПМНЕ предлага 15 мерки за заштита од Делта сојот, СДСМ тврди дека веќе се имплементирани

Професионализација на Комисијата за заразни болести, забрзан процес на вакцинација против Ковид, зголемена контрола на границите, достапност на тестирање на ковид како и план за нов бран се само дел од сетот 15 мерки што Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ ги предлага со цел да се спречи нова експлозија на пандемијата особено поради Делта сојот.

Од СДСМ велат дека мерките кои ги предлага опозицијата се имплементирани. 

Сите 15 од „ракав истресени мерки“ кои ги нуди ВМРО-ДПМНЕ се веќе одамна имплементирани и во функција. Ваквата несериозност на опозицијата само потврдува колку таа никогаш не била заеинтересирана да даде поддршка во менаџирањето на кризата и колку е надвор од реалноста кога станува збор за здравствениот сектор, велат од СДСМ.