Македонија
3. May 2017 - 12:59

ВМРО ДПМНЕ: Правдата ќе дојде и правда ќе има

Правдата ќе дојде и правда ќе има. Ќе се докаже дека целиот овој театар кој што го прави СДС, СЈО и нивните налогодавци е со единствена цел да се оцрни ВМРО-ДПМНЕ и политичарите кои што ја бранат државата, националните интереси законите и Уставот.

Правдата ќе дојде и ќе ги стигне сите оние како Жерновски, Заев,  Шекеринска и сите останати кои одработуваат против Македонија и за тоа ќе одговараат.

Свесни за бруталната политичка хајка, но по завршувањето на сето ова фактурата за извршителитекако Заев и СДС ќе ги стигне.

Доколку не се ваквите монтирани случаи, СДС и Жерновски нема по што да бидат актуелни. Жерновски освен по ревносното мудрување по социјалните мрежи, е познат и по својата неработа, и брутално лажење. Неработникот Жерновски е во натпревар за додворување кон СДС поради големата надеж да биде повторен кандидат за градоначалник на Општина Центар.

Жерновски живее и се храни од навреди, лаги и ароганција. Неспособен и незаинтересиран за работа низ целиот свој мандат единствено што нуди е навреди, лаги и голи напади кон опонентите. Со навредите и ароганцијата само ја покрива својата неспособност.

Од него ќе слушнете секогаш погрдни зборови за секој со чии дела и труд  не може да се спореди. Таквите луѓе се неговиот кошмар, и огледало во кој самиот го гледа својот неуспех.

Неспособноста, интригаштвото, мрзеливоста и нечесноста ја прикрива со плукање и навредување други.

Во меѓувреме разни шофери, хаусмајстори и слични ликови „оперираат“ без застој и ги полнат џебовите на нивниот самовљубен шеф, кој очајно се труди да изгради добра фасада за својот валкан лик и празна биографија на создадени дела.

Со време, се ќе излезе на виделина.