Македонија
7. November 2016 - 16:43

ВМРО-ДПМНЕ: Понудата на СДСМ ќе заврши без успех

Само запрашајте се за кого треба да гласам и што тој човек реално може да направи и да понуди за сопствениот народ и за сопствената држава, порача лидерот на ВМРО ДПМНЕ на вчерашната конфереција. Според Груевски првата тактика на опозицијата била да ја понижи дијаспората, потоа да се формира десен блок, па шарена револуција се со цел да придобијат неколку гласа на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори.

И нормално Катица да е здрава и жива да си штанца пријави по секаков основ и да држи прес конференции за тоа во целиот изборен период со измислени обвинувања без вина и без правен основ и докази. Може ќе добијам и едно обвинение денеска што на настанов сме собрани многу повеќе од СДСМ. Чисто онака колку да не се без работа. Колку да си ја заработи платата жената, највисоката во државата, плата. Па не за џабе буџетот им е 4 милиони евра.Па внук и мора да земе плата овој месец, да ја заработи, исто и уште 100-тина Сдсмовци вработени таму, нивни роднини, комшии и пријатели кои нели го ,,зајакнуваат капацитетот,, на СЈО. Тука, кога ќе размисли човек СЈО има се повеќе значителен удел во намалување на невработеноста во Македонија. Па собраа куп луѓе, ем членови на СДСМ, ги згрижија имаат одлични плати. „Како порано не ни текна да направевме повеќе СЈО-а, да ја намалевме невработеноста во земјата“, рече Груевски.

Со истата цел СДСМ континуирано врши и притисок врз судиите, ветува се и сешто и делегира  криминалци и бивши разузнавачи да направат забуна пред изборите. Лидерот на владејачката партија смета дека оваа страгенија на опозиција ќе заврши без успех бидејќи е одамна прочитана од народот.

Стратегијата дадена како совет од оние кои на СДСМ им кажуваат што да прават, во овој изборен период, ќе се соочиме и со ситуација како оној случајот со криминално полициската хајка против Диме Спасов во која за среќа ги видовме снимките и се ни е веќе јасно. Откако пропадна операцијата со производителот на фалсификати наречен Чауш, сега не треба да се изненадиме ако во овој период одредени структури во полицијата креираат ваков вид или слични хајки со цел дискредитација и заплашување на водството на ВМРО.

Доколку на местото на Диме Спасов беше министер на СДСМ, а МВР го водеше владејачката партија, според Груевски опозицијата ќе креираше вистинска драма. Во нејзина одбрана ќе застанеа странските амбасадори и невладините организации, а најсреќен ќе беше Зоран Заев кој ќе имаше причина да ги бојкотира изборите.

- После некој од амбасадорите мераклии да водат политика преку Твитер ќе твитнеа некоја порака, некоја порака ќе испратеа по твитер, и ќе побараа итна средба за пола саат кај мене, а првата реченица ќе им беше дека нивните главни градови се загрижени, згрозени и шокирани. Небаре цели главни градови за нас расправаат таму. Потоа за саат-два ќе твитнеше најверојатно некој комесар или некој странски министер во поддршка на амбасадорите, онака случајно и несинхронизирано. Во целата таа гужва, драги пријатели, најсреќен ќе беше СДСМ и Зоран Заев. Ете ти причина пак да не одат на избори, да најават бојкот, и Заев со неговото познато викање кога збори на прес конференција со 45 луѓе зад него ќе го најавеше излегувањето од изборниот процес. Платениците што шараат низ градот, веќе ќе се развозеа со бои во комбињата и ќе ја прославуваа новата шанса за хонорар од филантропот и неговите поддржувачи. Ама бидејќи сега е обратна ситуацијата,  од амбасадорите, комесарите, министрите и слични на нив имаме молк, ни траг ни глас, никаде ги нема, не сакаат луѓето да се мешаат во внатрешните работи на една суверена држава нели, не се они такви, нагласи Груевски.

Груевски потенцираше дека за ВМРО-ДПМНЕ народот е единствениот и најважен амбасадор и токму народот на 1 декември ќе ја казни опозицијата и ќе стави крај на политичката криза.