Македонија
5. November 2020 - 18:25

ВМРО-ДПМНЕ положи 1071 каранфил пред владата

Опозициската ВМРО - ДПМНЕ пред владата положи 1071 каранфил како што велат од партијата во знак на 1071 починат од корона.

- Системот е трул. Неколку денови се чека да се закаже тестирање, уште толку време е потребно да се добие резултатот. Крајно време е министерот за здравство Венко Филипче да поднесе оставка, изјави Марија Андоновски, ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека државата никогаш немала толку голем број на починати од некоја болест или војна.

Зоран Јаневски