Македонија
8. May 2021 - 9:08

ВМРО-ДПМНЕ: Павлина Црвенковска нема искуство како судија, туку партиски багаж

Изборот на Павлина Црвенковска за Претседател на Судскиот совет е уште еден показател дека власта на Заев максимално го партизира судството. Имено Црвенковска нема ниту еден ден стаж како судија , а ќе раководи со тело кое одлучува за избор и именување на судии во Македонија.

Истата таа Црвенковска можеби нема искуство како судија, ама затоа има сериозен политички багаж како шеф на кабинет на Владо Бучковски и вршител на функција во влади предводени од СДСМ.

Ова е сериозно  политичко мешање и обид за контрола на судската власт, а веројатно крајната цел е да се забошотуваат криминалите на оваа власт предводена од Заев.

Оправдан е сомнежот на јавноста дека меѓу другото Црвенковска може да влијае и на судскиот процес поврзан со пропаѓањето на Еуростандард банка, од проста причина што токму нејзиниот сопруг е меѓу посочените кои зеле кредит од банката без соодветно покритие и истиот не го вратиле. На овој начин банката и штедачите се оштетени, за што и самите тие сведочат.

Павлина Црвенковска нема кредибилитет и ако имаше барем малку доблест ќе поднесеше оставка уште веднаш.  Но очигледно надвладеале вредностите на Заев кој е познат по својот ѓон образ.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ