Македонија
20. December 2016 - 22:09

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот искажан во прогласот

Сценариото за кражба на изборната победа не` прави поцврсти, поодлучни и поединствени во нашата намера да ја одбраниме демократијата, затоа што ние сме на страната на народот, правдата, правото и вистината и во тој контекст ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот искажан во прогласот на Извршниот комитет на партијата од саботата.

Ова го истакна Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, во однос на одлуката на Управниот суд кој се однесува на уважување на тужбата на СДСМ за прегласување на гласачкото место 2011 во Теарце.

-СДСМ и нивните налогодавачи срамно продолжуваат со обидот за кражба на кристално чистата победа на ВМРО-ДПМНЕ на последните избори. Судиите од Управниот суд кои гласаа за уважување на тужбата на СДСМ донесоа противправна одлука водена од политички мотиви, додаде Тодоров.